Се отвора малата сала во „Борис Трајковски“: Филипче повика на масовна вакцинација

од Берта Китинска
355 прегледи

Пунктот за вакцинација во А1 СЦ Борис Трајковски рано утрово започна со работа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинација и ревакцинација на граѓаните. Ве повикувам сите масовно да се вклучите во овој процес на имунизација. Ова е единствениот начин да се заштитите себеси и вашите најблиски, информираше Филипче.

Слични содржини