Се породи Софи Тарнер, познат полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Софи Тарнер и Џо Џонас го добија своето второ дете. Славниот пар во 2020 година ја доби ќерката Вила, а сега имаат уште едно девојче, потврдија нивните претставници на медиумите за магазинот People.

Таа претходно изјави дека нејзината постара ќерка со нетрпение ја чека сестра си.

„Ова е сè за мене. Воспитување нови генерации. Најдоброто нешто за мене е да ја гледам како учи и совладува нови работи. И ние со нетрпение очекуваме да го прошириме семејството. Ова е вистински благослов“, рече таа за „Elle ОК“ во јуни 2022 година.

Сепак, се уште не се знае како ќе се вика втората ќерка.

Слични содржини