Се повлекол од актерството: Еве како изгледа денес и со што се занимава момчето од „Форест Гамп“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот филм „Форест Гамп“ раскажува за истоименото момче, поточно за неговото растење и необична животна приказна. Филмот го прослави Том Хенкс, кој доби Оскар за улогата на Форест.

Од друга страна, актерот Мајкл Хемфрис, кој ја толкуваше помладата верзија на Форест, не продолжи да глуми, а 29 години подоцна многумина не го препознаваат.

Бидејќи сметал дека Холивуд е нездрава средина, тргнал по сосема поинаков пат и се посветил на војската како ликот кој го толкуваше.

Исто така, како и Форест Гамп, тој се натпреварувал во маратони, а и самиот призна дека сличностите меѓу нив двајца се неверојатни.

„Смешно е колку поврзаности со животот на Форест се појавија во мојот. Дали е судбина? Нешто ги натера овие коинциденции да се случат“, изјави тој за „Сан“.

Дипломирал меѓународни односи, а отворено зборувал за своето искуство во армијата.

„Кога се приклучив на војската, дадов се од себе за да не ме препознаат или да зборувам за филмот, но мислам дека тоа беше околу две недели пред некој да разбере кој сум. Дефинитивно после тоа слушнав многу за тоа и водниците навистина се шегуваа со мене. Таму ми стана навистина густо некое време, но на многу начини сето тоа беше дел од основната обука и дефинитивно ме доведе до таму каде што тие сакаат да бидете“, изјави тој за MailOnline.

Слични содржини