Се разведува Кевин Костнер

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер поднела барање за развод од актерот, наведувајќи ги како причина „непомирливите разлики“.

Кристин поднела барање за заедничко старателство над децата – Кајден (15), Хејс (14) и Грејс (12).

Да потсетиме, познатиот 68-годишник и 19 години помладата Кристин, модел и моден дизајнер, почнаа да се забавуваат во 1999 година, а се венчаа на ранчот на Кевин Costner’s Aspen во Колорадо во 2004 година, пишува Daily Mail.

„Се случија околности надвор од негова контрола што доведоа до тоа г-дин Костнер да мора да учествува во постапка на развод. Тој е многу тажен поради тоа. Бараме да се почитува неговата, приватноста на Кристин и нивните деца додека минуваат низ овој тежок период“, се вели во соопштението на претставникот на Костнер.

Слични содржини