Се самоуби познат тренер, обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки

од Nikola Popovski

Американската јавност беше изненадена од веста што го потресе тамошниот спорт.

Славниот тренер на женскиот тим за гимнастика на САД на Олимписките игри, Џон Гедерт, си го одзеде животот само неколку часа откако беше обвинет за сексуално вознемирување на млади спортисти, како и за трговија со луѓе и лажење на истражните органи.

Претходно вчера, обвинителството поднесе обвинение против Гедарт за дури 24 различни точки, наведувајќи го, меѓу другото, следново:

„Џон Гедерт е обвинет за употреба на сила, измама и заговор против млади спортисти кои дошле кај него на тренинг за гимнастика, од финансиска алчност. Жртвите страдале од разни работи, почнувајќи од лоша исхрана, булимија, анорексија, до обиди за самоубиство, самоповредување, прекумерен физички напор, постојана принуда за вежбање и повреда, но исто така биле предмет на екстремна емоционална злоупотреба, како и физичка, вклучително и сексуален напад“.

Гедерт ја водеше репрезентацијата на САД на Игрите во 2012 година и тесно соработуваше со д-р Лари Насар, кој злоупотребувал стотици спортисти.

63-годишниот тренер, чии детали за самоубиството не ги соопшти полицијата, освен реченицата „дека си го одзел животот“, имал центар за обука во Мичиген, а Насар бил лекар во тамошната сала. Бројни гимнастичари го обвиниле за насилно однесување кога сведочеле за време на судењето на Насар.

Се очекуваше Гедерт да им се предаде на властите во попладневните часови, но не се појавил, соопшти обвинителството.

Тој исто така билобвинет за лажење на истражителите во 2016 година, за време на истрагата за обвиненијата против Лери Насар.

loading...

Слични содржини