Се шири неизлечива гонореа

од desk2

Гонореа, сексуално пренослива болест која станува отпорна на еден од двата антибиотици со кои се лечи, се шири низ Кина, покажа најновото истражување.

Оваа заразна болест се третира со комбинација од два лека, анитромицин и цефтријаксон, но овие антибиотици полека почнуваат да ја губат својата ефикасност

Само во Кина, во речиси 19 отсто случаи, гонорејата е отпорна на азитромицин, а во речиси 11 отсто на цефтријаксон, се наведува во студијата објавена во Plos Medicine.

„Овој вториот број е мнгоу загрижуваќки затоа што моментално за цефтријаксонот не постои замена.“, вели Ванеса Ален, директорка на одделението за микробиологија на “Public Health Ontario”, која не учествувала во истражувањето.

Овие два антибиотици имаат две алтернативи, и тоа гентамицин, кој не е идеален затоа што предизвикува проблми со слухот и бубрезите, а вториот е меропенем, кој припаѓа на групата цефтријаксон, што значи ќе биде исто неефикасен како него.

Гонореата е една од најчестите сексуално преносливи болести. Се проценува дека во светот секоја година се заразуваат 78.000.000 луше. Ако не се лечи доведува до стерилитет, долготрајна стомачна болка кај жените, инфекција на плодот кај трудници. Ако дојде до крвта или зглобовите, може да биде фатална.

Слични содржини