Се стравува дека повеќе од 100 мигранти се удавиле во близина на Либија

од Nikola Popovski

Се стравува дека најмалку 120 имигранти настрадале откако гумен гумен чамец се превртел во немирното море близу Либија, додека се обидоа да стигнат до Европа, соопштија хуманитарните организации и Агенцијата за миграција на Обединетите нации. Десетици тела биле забележани во близина на превртениот брод со 130 лица во четвртокот, соопштија спасувачките служби, објави британски Гардијан.

Според прелиминарната реконструкција на настанот, европската хуманитарна група „СОС Медитеран“ во четвртокот добил покана од доброволната единица за спасување „Аларм фоун“ за присуство на три брода во меѓународните води во близина на Либија.

Брановите во таа област достигнале висина до шест метри.

„Денес, по часови и часови потрага, нашите црни претчувства се остварија. Екипажот на „Океанскиот викинг“ бил сведок на ужасни сцени северо-источно од Триполи. На овој брод имаше околу 130 луѓе за време на повикот за помош во средата наутро“, рекла Луиз Албера, координатор на „Океански Викинг“.

Слични содржини