Се стрчаа кон него: Деца не можеа да ја сокријат својата среќа што го гледаат Меси (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Една интересна сцена која се случи пред почетокот на натпреварот помеѓу Макаби и ПСЖ ја обиколи цела планета.

По пресвртот, Пари Сен Жермен го совлада Макаби од Хаифа со 3:1 на гостински терен во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Натпреварот беше одлична можност за некои деца од Хаифа да ги видат во живо најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Додека фудбалерите на Пари Сен Жермен излегуваа на теренот, децата мирно гледаа, не им беше грижа што покрај нив се шетаат Серхио Рамос, Нејмар и останатите од тимот… се додека не им пријде Лионел Меси. Кога Аргентинецот излезе, децата пресреќни и во еуфорија се стрчаа кон него.

Камерите го уловија неверојатното воодушевување на децата кои не можеа да се воздржат.

Слични содржини