„Се венчаа“ Ријана и АСАП Роки (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ријана и АСАП Роки се „венчаа“ во спотот за неговиот нов сингл D.M.B., кој беше објавен во четвртокот.

Околу третата минута од видеото, раперот ја запроси пејачката со натпис на кој пишува: „Омажи се за мене?“. Ријана, која се појавува облечена во црвен вел, одговара: „Да“. Кон крајот на видеото се гледа како група луѓе фрлаат цветни ливчиња кон парот, што потсетува на прошетката на младенците по венчавката од олтарот.

Во спотот има и сцена во која таа го чека да излезе од затвор, а веројатно е референца за неодамнешните настани, кога тој беше пречекан и уапсен по нивниот неодамнешен одмор во нејзиниот роден град Барбадос, бидејќи тој наводно пукал во непознат маж минатата година.

Се чини дека видеото е снимено пред речиси една година бидејќи пејачката, која моментално е бремена со првото заедничко дете на двојката, во ниту една од сцените не е бремена, а таа и Роки носат иста облека што ја носеле за време на снимањето во Бронкс во јули 2021 години.

Слични содржини