Во изминатата седмица, 3270 граѓани ја примиле бесплатната вакцина против сезонскиот грип.
Имено, вакцината ја примиле во здравствените домови и општите болници низ државата. Преку својот матичен лекар, 126 лица резервирале термин, но на истиот не се појавиле.
Инаку, секој петок се отвораат термини според претходно утврдениот протокол за системско менаџирање. Со цел да се заштитат граѓаните во оваа вонредна здравствена состојба, здравствениот систем го регулира времето за вакцинација против сезонскиот грип. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.
Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите, исто така упатуваме апел, до граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.
Инаку за потсетување освен во 6 пункта во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, вакцинација се врши и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.