Секој вторник ќе има лет: Скопје се поврзува со Санкт Петербург

од Берта Китинска

Авиопревозникот „Нордвинд ерлајнс“ ќе отвори нова авиолинија од Скопје за Санкт Петербург во текот на месецов.

Летото  од Санкт Петрбург – Скопје , ќе се изведе од 21 септември, еднаш неделно, во вторник.

Од 29 септември, „Нордвинд ерлајнс“ планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.

Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Слични содржини