Сексуални работнички ги открија најтажните желби на своите клиенти

од Nikola Popovski

Сексуалните работници ги споделија најтажните барања на своите клиенти на социјалната мрежа Редит, кои покажуваат колку човек може да биде осамен и колку може да копнее по нечие друштво и допир.

Некои барања толку ги потресле што дури и заплакале, а признале дека дури тогаш станале свесни дека нивната работа може да спасоносна за некои луѓе.

„Еден човек ме замоли да го гушнам додека плачеше. На крајот, и јас почнав да плачам“.

„Имам клиент кој ми плаќа да ја посетам неговата мајка за да видам дали е добро. Обично само разговарам со неа, ја носам на ручеци и и правам друштво. Дури и да престанеше да ми дава пари, мислам дека ќе продолжам да ја посетувам“.

„Родендените се секогаш најтажни. Пред неколку години, еден човек ми плати да поминам неколку часа со него затоа што му беше роденден, а тој немаше со кој друг да слави. Најмалку што можев да сторам е да земам торта и подарок“.

„Еден постар господин ми плати да ме гушне, поточно да бидам во неговиот скут додека свири музика. Подоцна ми призна дека тоа го сторил со неговата сопруга пред да почине и дека страшно му недостасува“.

„Имав постар клиент, кој поголемиот дел од времето сакаше само друштво. Одевме заедно на шопинг или ресторани и заедно гледавме филмови и се гушкавме. Ми раскажуваше приказни за своето семејство и ги сподели своите спомени со мене. Наскоро почина, а јас бев на неговиот погреб“.

„Еден ме замоли да дојдам среде ноќ и ми вети дека скапо ќе ми плати. Стигнав таму, а момчето само сакаше да се одмори на моите колена“.

„Седевме на креветот и одеднаш тој почна да плаче. Тој ми рече дека неговиот татко починал и дека не може да се справи со тоа и дека му треба рамо за плачење“.

„Откако едно момче започна да се соблекува пред мене, забележав дека носи женска долна облека и ми призна дека ја преиспитува својата сексуалност, но дека не може да разговара со никого за тоа, особено не со неговата сопруга. Поминав часови разговарајќи со него за модата“.

„Еднаш за време на вечера, еден човек започна да плаче и ми рече дека во моментов минува низ тежок развод. Се чинеше дека тој сè уште ја сака својата сопруга, но таа заминала со друг маж. Се обидов да го утешам, но по неколку недели дознав дека се самоубил“.

„Едно момче ми рече дека би сакал да му бидам најдобар пријател затоа што нема никој друг. Тоа ме погоди“.

Слични содржини