Села: Не ни требаат странски експерти за да ги дознаеме имињата на жртвите од пожарот

од Nikola Popovski

За жал до денеска не ги знаеме имињата на жртвите од пожарот во Тетово. Барем за тоа властите се должни да не информираат, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, тоа требало да го објават Министерството за здравство или МВР.

-За тоа не ни треба некои експерти да ни доаѓаат надвор, за да ги дознаеме лицата со име и презиме, додава Села.

Тој прашува што барал утредента заменик-премиерот со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница.

-Дали е ова казниво со закон, прашува Села и посочува дека истрагата мора да го покаже виновникот.

Слични содржини