Села: Зибери не може да биде народен правобранител, таа позиција е за опозицијата

од Берта Китинска

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во вчерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека не е можно Насер Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција, според него, е наменета за опозицијата.

Вчера дел од медиумите објавија дека Зибери треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на позиција народен правобранител.

Зибери беше кандидат за премиер на ДУИ на последните избори.

Слични содржини