Селена Гомез го предупреди Закерберг за расистичката содржина на Фејсбук

од Vladimir Zorba

Пејачката и актерка Селена Гомез испрати приватна порака до сопственикот на Фејсбук Марк Закерберг, привлекувајќи го вниманието на расистичката содржина и лажните информации на таа мрежа, а пораката ја објави на својот Инстаграм во петокот вечерта.

Покрај Закерберг, таа и напиша на директорот на Фејсбук Шерил Сандберг, барајќи од нив да се справат со омразата, лажните информации, расизмот и нетолеранцијата на нивните платформи.

„Помина некое време откако седнавме на иста маса. Имаме сериозен проблем. Фејсбук и Инстаграм се користат за ширење омраза, лажни информации, расизам и нетолеранција. Ве повикувам и двајцата да ни помогнете да го запреме ова“, напиша таа.

Гомез ги повика да ги затворат групите и да ги блокираат корисниците кои шират говор на омраза и лажни информации и промовираат насилство. Таа е особено загрижена за лажните информации за изборите.

„Нашата иднина зависи од тоа, ова е изборна година. Не можеме да дозволиме лажни информации за гласањето. Мора да има проверка на фактите и отчетност. Се надевам дека ќе се јавите што е можно поскоро “, додаде таа.

Слични содржини