Семејството Заеви донираа амбулантно возило на струмичката болница (ФОТО)

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев во име на неговото семејство, донираше амбулантно возило и друга медицинска опрема за струмичката болница.

„Новото крило на ЈЗУ-Општа болница Струмица се става во функција за борбата со КОВИД-19. Ова крило ќе се докомплетира со средства од Светска банка, наменети за оваа и за болниците во Тетово и Охрид.Струмичката болница ја завршивме после повеќе од 30 години и сега се опремува, дел и со донации. Сега е време кога секој треба да помага како и колку може.

Семејството Заеви и јас како струмичанец веќе дониравме опрема за потребите на оваа болница, а денес донираме и амбулантно возило. Возилото е целосно опремено и ќе одговори на потребите на граѓаните и на медицинскиот персонал за да се чувствуваат безбедно при транспортот“, напиша Заев

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 15 November 2020

Слични содржини