Американските разузнавачки служби ги  идентификувале руските агенти, кои беа вклучени во манипулација на претседателските избори во САД, јавуваат американските медиуми.

CNN пишува дека веќе е подготвен декласифициран документ   подготвен од разузнавањето,  извештај за случајот, во кој се наведува дека интервенцијата во американските избори е наредена од претседателот на Русија Владимир Путин.

Ова е прв официјален документ, кој претставува јавен  резултат од истрагата на руското влијание врз изборната кампања во 2016 година

“Стигнавме до заклучок дека рускиот претседател Владимир Путин наредил  и извршил влијание врз американските претседателски избори. Русија си постави за цел да ја поткопа јавното доверба во американската демократија, да  ја наклевети државната секретарка Хилари Клинтон и да и наштети на кампањата, како и да го спречи изборот за претседател. Покрај тоа, заклучивме дека Путин и руската влада го  помогнало избраниот претседател Доналд Трамп “, се вели во извештајот.

Претходно директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер изјави  пред  сенатот дека Русија не се задоволи само со хакерски напади врз компјутерите на Демократската партија и со ширењето на нејзините пораки.

Според него, Москва спровела мултилатерална кампања за мешање во изборниот процес, вклучувајќи “класична пропаганда, дезинформации и лажни вести”.

“Русите имаат долга историја на мешање во избори – нивни и на други народи, но не мислам дека некогаш сме виделе поагресивна и директна кампања за мешање во нашиот изборен процес, како во овој случај”, коментира Клапер.

CNN, Washington Post и NBC News објавија  исто така, дека тајни служби се пресретнале пораки,кои  сведочат дека високи руски функционери ја  прославуваат победата на Трамп.

NBC News исто така, објави дека цел на хакерските напади била не само Демократската партија, но и Белата куќа, Стејт департментот, големите американски корпорации.

За денес е предвидена средба на претставници на тајни служби со избраниот претседател Доналд Трамп, на која тие ќе му достават резултатите од истрагата.

Самиот Трамп, кој досега воопшто ја дрекуваше руската интервенција и ја одредуваше истрагата како “лов на вештерки”, излезе со ново соопштение во кое тврди дека “хакерските напади не влијаеле на резултатите од изборите”.