Северина преминала во православие? Желбата за бебе посилна од сè!

од Elena Daskalova

Северина Којиќ посакува уште едно бебе, со сопругот Игор. Тие веќе четири години се обидуваат да зачнат со помош на процедурата позната како ин витро.

Но, според нивните блиски, решила дека ќе побара помош и во православната вера, а постојано посетува цркви и манастири во Грција и Србија. Таа е родена како католик, а покрај Игор подобро го запознава и православието. Постојано разговара со свештеници и монаси и се моли, а сите веруваат дека тргнала по овој пат поради желбата за потомство.

Таа неодамна беше во посета на манастирот Свети Нектариј Егински, на грчкиот остров Егина, каде Грците и Гркинките, но и многу православни христијани, доаѓаат за да се помолат за потомство, а според сведоштвата, на многумина тоа и им успева.

Северина овие православни патувања често ги објавува и на Инстаграм, заблагодарувајќи се на Бога и на светците. Според нејзините обожаватели, ова е непобитен доказ дека таа веќе преминала во православното христијанство.

Слични содржини