Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

од Nikola Popovski

Северна Кореја денеска истрелала проектил за кој се тврди дека е балистичка ракета, соопшти јапонското Министерство за одбрана, а пренесува „Кјодо“.

Војската на Јужна Кореја, исто така, соопшти дека Северна Кореја лансирала неодреден балистички проектил кон Источното Море.

Во соопштението на генералштабот на јужнокорејската армија не се дадени повеќе детали бидејќи анализата е во тек, наведува агенцијата Јонхап.

Северна Кореја претходно соопшти дека извршила тестирање на моќта на „супер голема боева глава“ за стратешка крстосувачка ракета и во петокот истрелала нова противвоздушна ракета во Жолтото Море.

Слични содржини