Северна Кореја е на лош глас поради тоталитарниот режим и нарушувањето на човековите права. Поради постојаното нагласување на овие аспекти на оваа таинствена држава, многумина не се свесни дека таа е окружена со трилиони долари вредно и недостижно богатство.

Длабоко под планинаската зона на Сверна Кореја се наоѓаат околу 200 видови минерали, вклчително и злато, железо, бакар, цинк, графит и многу други.
Некои од овие залихи се меѓу најголемите на светот, и Северна Кореја, мала земја на која постојано и требаат пари, тие залихи често ги користи да ја наполни државнат акаса, без оглед на тоа што постјат закони кои го забрануваат тоа.
Вкупната вредност на овие минерали е меѓу шест и 10 трилиони долари.
Недостасува инфраструктура
Сеерна Кореја е пресиромашна да изгради инфраструктура со која би ги извезувала минералите. Поради своите економски и енергетски потреби, Северна Кореја се уште се потпира на Русија и на Кина, но со своите соседи склопува само незначителни договори.

Лојд Васи, основач на Центарот за стратегиски и межународни студии, неодамна рече дека рударството на Северна Кореа од 1990 година паднало за 30 отсто.
„Има недостаток на рударска опрема“, вели Васи и додава: „Северна Кореја, поради својата лоша економска ситуација, недостаток на енергија, и стари мрежи на напојување, во неможност е да купи нова опрема„.
Русија во 2014 година направи план со кој би изградила железница во границите на Северна Кореја. Иако на прај пропадна, намерата на планот беше Северна Кореја да ја обнови инфраструктурата, во замена за правото над рударење на минералите.
Најголема заплена во историјата на санкциите на Северна Кореја
Покрај бројните санкции на ОН, Северна Кореја повеќепати се обиде да оствари добивка по пат на рударење на минералите. Во август 2016 година, египетски службеници од севернокорејски товарен брод, кој се движел кон Суецки канал, запленија повеќе од 230.000 тони железна руда, стои во написот на AOL.

Заплената на големо количество железо, со 30.000 гранати на ракетен погон, е најголема заплена на муниција во историјата на санкциите кон Северна Кореја, тврди извештајот на ОН објавен во февруари. Со заплената се открија прикриена техника, но и се поголема врска меѓу трговијата на оружје и трговијјата на минерали.
Северна Кореја е соочена со парадоксална стуација кога е во прашање нејзината залиха на минерали: Оваа држава е пресиромашна за да ги користи сама залихите, а поради озлогласената власт, не може да ја добие довербата на меѓународните тела кои би и дозволиле да тргува со минералите.
Заради тоа, овие залихи и понатаму ќе стојат неискористени под земја, додека државите во околината не најдат начин да ги искористат.