Северна Македонија успешно се справи со лажните вести кои доаѓаа од трети страни и кои имаа намера да ги поделат граѓаните со ширење страв!

од desk4
172 прегледи

Помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на американскиор Стејт Департмент, амбасадорот Рикер и помошничката секретарка за одбрана и за меѓународна безбедност на американското министерство за одбрана Кетрин Вилберг, на сослушувањето пред Комитет за меѓународни односи на Сенатот на Соединетите американски држави со кој претседаваше сенаторот Џим Риш, истакнаа дека Северна Македонија постигна резултати на патот на остварување реформите за постигнување на стандардите за членство во НАТО, и успешно се справи со лажните вести кои доаѓаа од трети страни и кои имаа намера да ги поделат граѓаните со ширење страв во врска со последиците за земјата од Преспанскиот договор.

На прашањето на сенаторите колку е важно Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО да биде потпишан од страна на американскиот сенат колку што е можно побргу, амбасадорот Рикер нагласи дека ратификацијата на Проколот од страна на Сенатот ќе биде силен сигнал за сите сојузници во НАТО дека алијансата се шири со нови земји членки кои го даваат својот придонес за зајакнување на безбедноста на сите останати земји членки.

Амбасадорот Рикер, на сослушувањето во Комитетот за надорешни работи на американскиот сенат насловен како „Проширувањето на НАТО: Пристапување на Северна Македонија“, на прашање на сенаторите колку лидерите на земјата се посветени на пристапувањето во НАТО, нагласи дека иако земјата после 2008 година се соочи со ерозија на евро-атланстките вредности и апсирации, и се соочи со длабока корупција, и ги потсети сенаторите дека народот на земјата пружи отпор на тие политики и им ја даде довербата на политичките сили кои вратија Северна Македонија на евро-атлантскиот пат и на вредностите на западната демократија.

„Сега Северна Македонија е лекција и за другите соседи. Покажа како да се преживее во едно тешко соседство, без разлика на политиките на „подели и владај“ што ги практикуваа одредени трети страни во регионот. Република Северна Македонија генерира стабилност во регионот, воспостави пријателство со Грција и претставува модел како да се решаваат прашања какви што се односите меѓу Србија и Косово, или за ситуацијата во Босна и херцеговина“, потенцираше амбасадорот Рикер, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на американскиор Стејт Департмент на сослушувањето во Комитетот за надорешни работи на американскиот сенат насловен како „Проширувањето на НАТО: Пристапување на Северна Македонија“.

И уште нешто од помошничката секретарка за одбрана и за меѓународна безбедност на американското министерство за одбрана Кетрин Вилберг: Таа рече се САД можат да учат од тоа како Северна Македонија се справи со пропагандата и лажните вести од Русија.

ВИДЕО

Слични содржини