Шефот на МИ6: Нашата врата е секогаш отворена за Русите кои се незадоволни од Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на МИ6 Ричард Мур изјави денеска дека британската тајна разузнавачка служба е „секогаш отворена“ за регрутирање на Руси незадоволни од владеењето на Владимир Путин.

Тој рече дека Русите, кои ги мачи совеста поради руската инвазија на Украина, се добредојдени во службата.

„Ги поканувам да го направат она што другите веќе го направија во изминатите 18 месеци и да ни се придружат. Нашите врати се секогаш отворени“, рече Мур за време на говорот на настан во Прага организиран од „Политико“.

Слични содржини