Шефот на американската полиција на округот Увалде во Тексас, Пит Аредондо, беше едногласно отпуштен од работа три месеци по пукањето во основното училиште во кое напаѓачот уби 19 ученици и двајца наставници.
Одлуката на училишниот одбор е донесена три месеци по масакрот.
Си-Ен-Ен јавува дека одборот ја донел одлуката по состанокот кој траел речиси час и половина. Аредондо не присуствуваше на состанокот, но неговиот адвокат Џорџ Хајд поднесе изјава од 17 страници во која тврди дека одборот не ги следел процедурите и дека шефот на полицијата се плаши за неговата безбедност.
Хајд рече дека писмото на одборот со кое се бара Аредондо да биде суспендиран и да не му се плаќа за време на суспензијата не може да се третира како официјална жалба, што е неопходно за да се разгледа неговото разрешување.
Да потсетиме, напаѓачот поминал повеќе од еден час во училиштето пред да влезе полицијата и да го убие. Аредондо бил на местото на настанот, каде командувал со полициските сили.
Тој не се смета себеси за одговорен.
Училиштето во кое се случи масакрот ќе биде срушено, пишува Си-Ен-Ен.