Шефот на Twitter се сели во Африка

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси ја заврши својата турнеја низ Африка, ветувајќи дека ќе се пресели на континентот за неколку месеци во 2020 година, јавува Си-Ен-Ен.

Тој сè уште не одлучил во која земја ќе живее, но планира да помине половина година таму.

„Тажен сум што го напуштам континентот … засега“, напиша тој на Twitter. „Африка ќе ја одреди иднината (особено онаа на биткоинот!“), додаде тој.

Менаџерот беше во Етиопија оваа недела како дел од турнејата што започна на 8-ми ноември. Тој исто така ги посети Гана, Нигерија и Јужна Африка.

Во Гана, Дорси и неговиот тим се состанаа со биткоин претприемачи. Самиот Дорси неодамна го поддржа криптостартапот – CoinList – и честопати ја ги брани криптовалутите.

Тој дури има план да ги интегрира во Twitter и Square. Во Африка расте бојот на развивачи и претприемачи кои работат во криптовалути.

Слични содржини