Шекеринска: Се изборивме за многу права, но случајот “Јавна соба” покажува дека работата не ни е завршена

Министерката за правда, Радмила Шекеринска денес по повод 8. Март, денот на жената, на својот фејсбук профил се огласи и посочи дека се уште не е готово, кога се во прашање правата на жената, а типичен пример за тоа како што вели, е случајот „Јавна соба“.

„Честит Ден на жената. Се изборивме за многу права, но случајот “Јавна соба” покажува дека работата не ни е завршена. Ваквите случаи водат кон физичко насилство и мора да бидат пресечени во корен. Го повикувам Јавното обвинителство да го расчисти овој случај до крај. Пораката ја испраќам од Битола, заедно со градоначалничката и пратеничката од овој град. Наша е одговорноста да ги охрабриме жените да исчекорат, да предводат, но пред тоа да бидат убедени дека никој нема да ги попречи во исчекорот. Политиката е теренот од кој тие услови ги обезбедуваме. Борбата е секојдневна, за секоја жена и во најмалото место во државата“, се вели во фејсбук објавата на Шекеринска.

Слични содржини