Шекеринска: За секоја година стаж во Армијата, војниците во пензија ќе добиваат по 1.000 евра

На оние припадници на Армијата чиј ангажман завршува со навршени 45 години, а притоа не добијат вработување во некоја друга институција приватна или државна, ќе можат да добијат загарантирани 1.00 евра за секоја година од стажот којшто го минале во служба на Армијата.

Ваквата информација со јавноста, денес ја сподели Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која претходно оствари средба со Синдикатот на одбраната, каде ги информирала членовите за овој предлог на Владата.

Шекеринска потенцираше дека оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 еврам додека пак оние кои имаат 26 години стаж, ќе можат да добијат 26.000 евра.

Инаку, Синдикатот даде целосна поддршка за предлогот на Министерството и порача да се имплементира во најкус можен рок овој предлог.

 

Слични содржини