Шер подготвена да прими украински бегалци во нејзиниот дом

од Vladimir Zorba

Американската пејачка и актерка Шер објави дека е подготвена да засолни украински граѓани во својот дом. Пејачката, чие вистинско име е Шерилин Саркисјан, ја објави пораката на Твитер.

„Сакам да засолнам украински семејства во мојот дом. Овде ќе бидат безбедни и ќе бидат згрижени“, напиша ѕвездата на социјалните мрежи.

Според неа, многумина на нејзино место „мора да преземат одговорност“.

„Да бев сама или со деца и да бевме трауматизирани, би се надевала дека некој ќе се погрижи за нас“, додаде таа.

Шер долги години е вклучена во различни добротворни цели. Нејзините напори се фокусирани на иницијативи за борба против сиромаштијата, поддршка на ветераните и ранливите деца.

Слични содржини