Ширењето на корона во фабриките во Виетнам ќе предизвика недостаток на „Најк“ патики?

од Nikola Popovski

Производството во некои од најголемите фабрики на Најк во Виетнам е нарушено поради ширењето на коронавирус меѓу работниците.

Фирмата одби да коментира дали ќе има недостаток на нивните производи во продавниците како резултат на заразата. Минатата година околу половина од обувките „Најк“ беа произведени во Виетнам, така што новата ситуација ќе значи предизвици за синџирот на снабдување на добро познатиот производител на спортски обувки и облека.

Виетнам забележа рекордно зголемување на случаите од минатиот април и многу жаришта на инфекција има во индустриските провинции.

Епл, Самсунг и Пума исто така може да ги почувствуваат ефектите од зголемените случаи на инфекција во фабриките на нивните добавувачи во Виетнам, пренесува Би-Би-Си.

– Здравјето и безбедноста на нашите работници, како и на нашите добавувачи, остануваат наш врвен приоритет, се вели во соопштението на Најк.

Фирмата исто така најави дека ќе продолжи да работи со своите добавувачи за да ги поддржи во реагирањето на порастот на инфекциите со Ковид-19.

– Убедени сме во способноста на Најк да се справи со оваа краткорочна динамика и остануваме претпазливи во нашето планирање, се додава во соопштението.

Еден од најпогодените добавувачи на Најк во тамошниот регион, „Pou Chen Corp“, исто така произведува обувки за Адидас и е најголемиот светски производител на брендирани тренерки.

Слични содржини