Шкотско виски произведено во 1926 година продадено за 1,7 милиони евра

од Vladimir Zorba

Шише шкотско виски го сруши рекордот на една аукција во Лондон, откако е продадено за 1,45 милиони фунти или скоро 1,7 милиони евра, соопшти аукциската куќа Сотби.

Претходниот рекорд за шише виски е постигнат минатата година, кога алкохол од истата шкотска дестилерија „Макалан“ е продаден за 1,2 милиони фунти.

Продаденото шише содржи виски од буре од 1926 година, а алкохолот е флаширан во 1986 година. Постојат само 40 шишиња од ова виски, и затоа се смета за „Светиот грал“ на оваа врста на алкохол.

Елегантното шише од 700 милилитри беше проценето на 450.000 фунти (519.000 евра). Аукциската куќа Сотби не го наведе идентитетот на купувачот.

Слични содржини