Шојгу: Украина загуби речиси половина милион војници, сили на НАТО на границите на Русија

од Симе Стоиков

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу соопшти дека загубите на украинските сили од почетокот на специјалната операција на руската армија изнесуваат половина милион војници.

Шојгу рече и дека руските сили имаат иницијатива по целата линија на одвојување и го туркаат непријателот од линиите што ги окупираат.Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека преку активни борбени дејствија руските сили ја презеле контролата врз населбите Первомајско, Богдановка и Новомихајловка во ДНР, а зоната на контрола во Бердичи и Георгијевка се проширува.

Министерот за одбрана додаде дека руската армија во зоната на специјални воени операции ќе го зголеми интензитетот на нападите врз логистичките центри и магацините на западното оружје.

– Ќе го зголемиме интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западно оружје. Вооружените сили на Русија ќе продолжат да ги извршуваат зададените задачи додека целосно не се постигнат целите на специјалната операција – посочи Шојгу.

Групата сили на НАТО во близина на границите на Русија моментално брои до 33 илјади војници, околу 300 тенкови и повеќе од 800 други оклопни возила, а во Германија ќе биде распореден штаб за помош на Украина.

Слични содржини