Шокантни детали од животот на Робин Вилијамс

од Vladimir Zorba

Во биографијата на авторот Дејв Ицкоф, откриени се досега непознати детали од животот на славниот актер Робин Вилијамс, кој си го одзеде животот во 2014 година.

За време на снимањето на филмот „Ноќ во музејот: Тајни гробници“ во 2014 година, само неколку месеци пред да се одлучи да се самоубие, Робин бил несреќен. Откриено е дека има Паркинсова болест, поради што не можел да се сети на текстот, страдал од горушица и несоница.

Неговиот шминкер, Чери Минс откри дека тие месеци биле исклучително тешки за Робин.

„Јас предложив да се врати во стенд-ап комедија за да си ја врати самодовербата, но тој одби. Секоја вечер тој ми зборуваше дека веќе не е смешен“, рече таа.

Неговата сопруга Сузан во 2016 година напиша книга наречена „Терористот во мозокот на мојот сопруг“, во која ја објасни состојбата на Робин.

„Робин стануваше се поуморен. Маската на пациент со Паркинсонова болест секогаш беше присутна, а неговиот глас ослабна. Треперот на левата рака сега беше континуиран и имаше мал потрес. Тој мразеше дека не може да ги најде зборовите што ги сакаше во разговорите. Имаше ужасна несоница“, напиша таа во тоа време.

Таа исто така рече дека во последните месеци од својот живот, актерот знаел да „остане замрзнат“ во лежечка положба, не можејќи да се движи или да извршува нормални животни функции.

Слични содржини