Шолц: Мора да избегнеме поделба на светот на блокови

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди дека може да дојде до нова Студена војна поради поделбата на светот на блокови и повика на напори за градење нови партнерства.

„Светот е на пресвртница. Руската агресија против Украина значи крај на една ера. Новите сили се зајакнаа и повторно зајакнаа, а меѓу нив е и економски силната и политички самоуверена Кина. Во таков нов мултиполарен свет, различни земји, модели на владеење се натпреваруваат за моќ и влијание“, потенцира Шолц во авторски текст во списанието Foreign affairs.

Според него, Германија прави најмногу што може за да ги одбрани основните принципи на Повелбата на ОН на кои се заснова меѓународниот поредок.

Слични содржини