Шон Пен: Мажите станаа прилично феминизирани

од Nikola Popovski

Познатиот холивудски актер Шон Пен деновиве го промовира својот нов филм „Ден на знамето“ во Европа, при што даде интервју за британскиот весник „Индипендент“ каде изјави дека „кукавичките гени“ доведоа до тоа луѓето да одбиваат фармерки и да носат здолништа.

Познатиот актер беше запрашан за неговите ставови за мажественоста, со оглед на тоа што претходно изјави дека „мажите во американската култура станаа крајно феминизирани“. Како што новинарот побара да го разјасни тој коментар, Пен рече: „Мислам дека мажите, според мене, станаа прилично феминизирани. Во мојот живот имав многу силни жени кои не мислеа дека мажественоста е знак дека некој ги угнетува. Мислам дека има многу кукавички гени кои водат до тоа луѓето да одбиваат фармерки и да носат здолништа“.

Претходно овој месец, Пен во интервју на истата тема рече: „Јас сум во клубот на оние кои веруваат дека мажите во американската култура станаа крајно феминизирани“.

„Не мислам дека да се биде груб или бесчувствителен или непочитување жена има врска со мажественост, ниту пак некогаш било така. Но, не мислам дека за да бидеме фер кон жените тие треба да станат такви“, пренесува Национал.хр.

 

Слични содржини