Шпан: Нема „локдаун“ за вакцинирани во Германија

од Vladimir Zorba

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека вакцинираните граѓани можат да очекуваат „опуштена“ есен и зима.

Тој вети дека нема да има нов „локдаун“ за вакцинираните.

За оние кои не се вакцинираат, сепак, ќе стане непријатно, бидејќи ќе мора да плаќаат задолжителни тестови од октомври.

Во изјава за АРД, Шпан апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

„Се уште не се имунизирани доволно граѓани против корона за да се спречи преоптоварување на здравствениот систем“, посочи тој.

– Тројца од четворица возрасни граѓани сe уште не одлучиле за вакцинација – истакна министерот.

Посочи дека мнозинството граѓани можат да сметаат на фактот дека нема да има поголеми ограничувања за слободите, дека нема да има ново заклучување.

– Вакцинацијата ја прави есента и зимата безбедни – рече тој, додавајќи дека вакцинацијата прави „позитивна разлика“.

Слични содржини