Шпанскиот премиер пречекан во Барселона од стотици демонстранти, кои го повикаа да разговара со регионалната влада

од Vladimir Zorba

Шпанскиот привремен премиер Педро Санчез денеска беше во посета на Барселона по повеќедневните протести во таа област, но одби да се сретне со лидерите кои се залагаат за независност на Каталонија,

Тој го обвини регионалниот претседател Квим Тора не ја исполнил својата должност да воспостави ред.

Санчез беше пречекан од стотици мирни демонстранти, кои ја пееја каталонската химна и истакнуваа транспаренти со кои го повикаа да „седне и да разговара“ со регионалната влада.

Санчез во Барселона се сретна со безбедносните сили и полицајците кои беа повредени на протестите, како и со лекарите задолжени за нивно опоравување.

Претходно денеска тој му упати писмо на Тора, во кое посочи дека тој не успеал да обезбеди складен соживот меѓу оние кои се „за“ и „против“ независност на Каталонија. Санчез во писмото оценува дека Тора им „свртел грб“ на безбедносните сили и го повика да ги осуди немирите.

Во текот на викендот Тора наведе дека постојано осудувал насилство и го критикуваше премиерот дека избегнува насилство.

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Во немирите во текот на изминатата недела повредени се повеќе од 500 лица, а полицијата приведе над 150 луѓе.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка соопшти дека во судирите во петокот повредени се 101 полицаец, а оштетени се 264 полициски возила.

Слични содржини