Шредер поднесе оставка од „Роснјефт“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го напушти управниот одбор на рускиот гигант „Роснјефт“, соопшти компанијата.

Руската нафтена компанија „Роснјефт“ соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер рекол дека повеќе не може да биде дел од нејзиниот одбор.

Истото го направи и бизнисменот Матијас Варниг.

Овој потег уследи откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на списокот со санкции доколку не поднесе оставка од „Роснјефт“.

Во соопштението на компанијата се вели дека жалат за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодаруваат за „континуираната поддршка“.

Слични содржини