Што издава за луѓето изборот на домашно милениче?

од desk3

Големо истражување направено меѓу корисниците на социјалните мрежи во САД, открива љубопитни детали за сопствениците на мачки и кучиња, пишува “Дејли експрес”.

Анализирани биле 160 000 профили со објавени од корисници слики, настани, споделувања и допаѓања, со цел да ги истакнат разликите меѓу љубителите на мачки и оние на кучиња.

cat-lover-gifts
Анализата на пример покажал дека поголем процент од луѓето преферираат мачки – 30 отсто, се необврзани, наспроти 24 на 100 се обожаватели на кучиња.

На емотивен план студија открива дека “мачкарите” се експресивни и делат поголем опсег од чувства во статусите, а најчесто се “посочуваат” како уморни, досадни или тажни. За разлика од нив, “кучкарите” почесто изразуваат возбуда или гордост.
Истражувањето покажува дека љубителите на кучиња имаат поширок социјален круг – во просек за 26 пријатели повеќе од љубителите на мачки.

Генерално, меѓу љубителите на мачки и кучиња се забележува тренд , пријателите да им се со слични параметри за предметните животни.

Анализата исто така покажува дека повеќето љубители на кучиња живеат во провинциски области во кои животните имаат повеќе слобода, додека во градовите преовладуваат љубители на мачки.

Разликите меѓу “мачкарите” и “кучкарите” стигнуваат и до нивните преференции кон книги, телевизија и филмови.

Излегува дека оние кои преферираат мачки, се оддаваат на активностите на затвореност како читање и гледање телевизија. Очекувано, љубителите на кучиња се поддржувачи на активностите на отворено.

“Мачкарите” обично се фанови на фантазија, научнофантастични продукции и анимации, додека “кучкарите” преферираат љубовни приказни и шоуа за најдобрите четиножни пријатели на човекот.

Слични содржини