Новак Ѓоковиќ има одлична сезона, но додека се е сјајно на тереност, многумина се прашуваат што се случува со неговото око.

Имено, многумина забележале дека неговото лево око е полузатворено.

„Новак е во одлична форма, но неговото око не изгледа најдобро последниве месеци“, пишуваат фановите, споделувајќи фотографии од Новак.

Телеграф пишува дека се претпоставува дека станува збор за некаква мала инфекција и дека тенисерот такви проблеми имал и во минатото.

Ѓоковиќ засега не се пожалил на никакви здравствени проблеми.

Навивачите се прашуваат зошто тенисерот за тоа молчи цела сезона, а некои од новинарите ветиле дека тоа прашање ќе го одговорат на следната прес-конференција.

Слични содржини