Што се случува на судењето за отповикување на Трамп: Хартиени авиони, крстозбори, спиење и алузија на Господарот на прстените (фото)

од Nikola Popovski

Сенаторите вклучени во судењето за отповикување на Трамп се „обвинети“ за спиење, играње и на секаков друг начин кршење на правилата на институцијата за време на процесот на Сенатот.

Крстозбори, „спинери“ и најмалку еден хартиен авион се забележани од сенатори, кои треба да одлучат дали Трамп ќе остане како претседател на САД или ќе мора да ги отстрани своите работи од Овалната канцеларија.

Сенаторот од Северна Каролина, Ричард Бур, им подели на сенаторите „Фиџет спинери“, ротирачка играчка која служи главно за намалување на нервозата и „убивање“ на досада. Мајк Рундс, сенатор од Јужна Дакота, беше фотографиран пред судницата со една таква играчка.

Забраната за фотографирање во Сенатот им отежна на новинарите да дојдат до фотографии од судењето. Сепак, имаше некои имагинативни.

Новинарите од Њујорк Тајмс дошле до идеја да испратат карикатурист во просториите на Сенатот, кои ќе ја пренесува атмосферата што преовладува таму со своите скици.

Сенаторот на Ајдахо Џејмс Риш е фатен како седи неподвижен со затворени очи за време на сослушувањето, по што ги негираше тврдењата дека спиел.

„Слушав внимателно со затворени очи“, рече Риш, а пренесува ББС.

Сенаторите, за кои правилата пропишуваат дека не смеат да ја напуштат просторијата за време на судењето, забележани се дека го прават токму тоа. Најмалку 22 членови на Републиканската партија и девет демократи ја напуштија просторијата за време на овој процес, вклучувајќи ги Берни Сендерс и Ејми Клобучар, кандидати за демократски претседател.

Друг претседателски кандидат, Елизабет Ворен, беше забележан од новинар на БиБиСи како игра некаква „нејасна игра на хартија“.

Републиканецот од Кентаки, Ранд Пол, поранешен претседателски кандидат, кој беше нападнат во неговиот дом пред две и пол години, беше забележан како решава крстозбори и прави авиони од хартија.

Телефоните, таблетите и другите електронски уреди, кои се вообичаени во редовните седници, се забранети за време на судењето. Сенаторот на Вермонт, Патрик Лихи, изјави „мојата скапоцена“(my precious), алудирајќи на познатата реплика на Голум од филмот „Господар на прстените“.

Слични содржини