Шумските пожари продолжуваат да избувнуваат во Калифорнија, 450 лица вклучени во гаснењето

од Stefanija Kuzmanovska

Шумските пожари продолжуваат да избувнуваат во северна Калифорнија, а високите температури и големите суши создаваат идеални услови за ширење на пожарот.

Пожарот, кој избувна на околу 30 километри југозападно од националниот парк Џосемит, се прошири на над 1.600 хектари, соопштија официјални лица од Калифорнискиот оддел за шумарство и противпожарна заштита.

450 лица се вклучени во гаснењето на пожарот и се користат специјални авиони. Досега се локализирани пет проценти од пожарите, јави агенцијата ДПА. Задолжителната наредба за евакуација е во сила за делови од областите Мадеира и Марипоса. Започната е истрага за причините за пожарот.

Вториот пожар избувна во областа на Националната шума Пулмаст и зафати површина од над 36.000 хектари. Тој е досега најголемиот шумски пожар во Калифорнија оваа сезона. Официјалните лица добиле извештаи за уништени куќи во неколку области, но засега нема детали.

Слични содржини