Шведска го протера Ирачанецот кој го запали Куранот

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Шведската агенција за миграција одлучи да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот на демонстрациите одржани во Стокхолм во последните месеци, објавија денеска шведските медиуми.

ТВ4 наведува дека Агенцијата за миграција одлучила да го протера тоа лице од Шведска, но му одбила дозвола за привремен престој до април следната година поради „компликации во спроведувањето на одлуката“, пренесува Ројтерс.

Неколку палење на муслиманската света книга ги предводеше Салван Момика, бегалец од Ирак, кој рече дека сака да протестира против целата институција на исламот и повика на забрана на Куранот.

Слични содржини