Шведската премиерка поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската социјалдемократска премиерка Магдалена Андерсон денеска поднесе оставка по поразот на парламентарните избори, на кои десничарскиот блок освои тесно мнозинство.

Андерсон се состана со Андреас Норлен, претседател на шведскиот парламент од 349 членови на Риксдаг, за официјално да ја предаде нејзината оставка.

Магдалена Андерсон ја водеше земјата во процесот на пристапување во НАТО алијансата и по рускиот напад врз Украина во февруари оваа година.

Слични содржини