Шведскиот МНР: Не го санкционираме, но не го ни одобруваме палењето на Куранот

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската држава не го санкционира ниту одобрува палењето на Куранот, но шведските закони за слобода на говор го дозволуваат тоа, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Тобијас Билстром.

„Во некои земји постои перцепција дека шведската држава стои зад ова или го одобрува. Ние не го правиме тоа. Тоа се дела извршени од поединци, но тие се извршени во рамките на законот за слобода на говорот“, рече Билстром, пренесе „Ројтерс“.

Претходните недели во Шведска беа одржани неколку протести на кои беа сквернавени копии од Куранот, што предизвика негодување и протести во муслиманските земји.

Слични содржини