Шврговски: Ќе поднесеме жалба на мерката за претпазливост за Мијалков

од desk2

Љупчо Шврговски, адвокат на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, по денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ најави дека ќе поднесе жалба за мерката за обезбедување која Кривичниот совет на Кривичниот суд му ја одреди на неговиот клиент.

„Следува постапка околу жалбата на решението на мерката за претпазливост. Сега по процедура ќе треба да се одлучува и за обвинителниот акт, треба да видиме советот како ќе одлучи“, рече Шврговски.

Тој рече дека го добил обвинението, но не сакаше да коментира бидејќи би било несериозно.

Шврговски рече дека ќе се јавува како адвокат во сите случаи во кои обвинет е Мијалков.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска најави дека во текот на оваа недела ќе поднесат жалби на решенијата на Кривичните совети на Кривичните судови.

„Во текот на оваа недела, како што истекува рокот, ќе бидат поднесени жалби на решенијата од Кривичните совети. Образложенијата кои ги добивме за одбивањето на мерките за притвор се различни, рече Ристоска.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“, а одлуката за одземање на пасошот на Мијалков, Кривичниот суд ја објави вчера./Нова

Слични содржини