Си-Ен-Ен: Како Кинезите успеаа да се справат со корона-кризата?

од Nikola Popovski

Додека голем дел од Европа се бори со новиот бран на коронавирус, Кина сè повеќе напредува во ставањето крај на пандемијата. Која е тајната?

Ова е токму она што Си-Ен-Ен се обиде да го открие во својата анализа.

Кина, од каде започна пандемијата, бележи најбрзо закрепнување од коронавирусот.

Сепак, за многумина во Европа, пристапот на Кина кон пандемијата на Ковид-19 значеше затворање на земји и градови за 76 дена, како што се случи во Вухан, Кина, каде минатата година беа откриени првите случаи на инфекција.

Другите делови на Кина, на пример, никогаш не вовеле толку строги ограничувања, дури и во раните фази на пандемијата. Успехот на Кина во контролирањето на коронавирусот не е резултат на тие мерки на рана контрола, како затворањето, туку пристапот на земјата кон решавање на работите откако ќе им се дозволи на луѓето повторно да се движат, пишува Си-Ен-Ен, а пренесува порталот Klix.ba.

Особено, способноста на Кина да ги следи случаите на инфекција низ целата земја, каде и да има најмала шанса за нов кластер, и овозможи на владата да реагира брзо и да го стави под контрола локалното ширење на инфекцијата.

Овој пристап вклучува софистициран систем на здравствени кодови за следење на движењата на луѓето. За влез во многу кинески компании потребна е јасна зелена здравствена сметка и соодветен QR код, кој потврдува дека лицето е здраво и безбедно, што го олеснува следењето на вирусот.

Овие мерки им овозможиле на регионалните влади да воведат затворање само на одредени области или да спроведат масовни истражувања по потреба. Тоа се случило неодамна во градот Квингдао во североисточна Кина, каде билетестирани повеќе од 10 милиони луѓе за приближно седум дена, откако биле регистрирани 12 случаи на пренесување на вирусот меѓу локалното население.

Границите меѓу кинеските региони и провинции сега се следат повеќе од кога и да е, така што јавниот превоз може да биде ограничен или целосно прекинат во случај на појава на вирусot.

Влезот во Кина преку поморските граници е исто така многу ограничен, а на патниците им е пропишан строг карантин од 14 дена кога влегуваат во земјата.

На отпорот кон вирусот, помогнала и дисциплината на жителите во носењето маски и одржување на јавната хигиена, додека кинеските власти строго го следеа непочитувањето на епидемиолошките мерки.

Пристапот на Кина во справувањето со пандемијата се покажа како добар и во другите азиски земји, вклучувајќи ги Хонг Конг, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Источна Азија страдала од епидемија на Тежок акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година, што ги научило властите и населението во овој дел од светот строги мерки на претпазливост.

Од друга страна, во делови од Европа и другите западни земји, особено во САД, носењето маски останува контроверзно прашање дури и денес, неколку месеци откако оваа мерка се покажа како ефикасна.

За разлика од другите земји, азиските влади воспоставија епидемиолошки планови за борба против потенцијалните епидемии и не мораа да се мачат да подготват нов план.

Сепак, додека Кина беше мета на критики за епидемијата на коронавирус во Вухан, па дури и признаена како национална закана, одговорот на Кина на пандемијата беше брз и одлучувачки, за разлика од она што можеме да го видиме во Европа и САД.

Слични содржини