Силен земјотрес во Непал, го потресе дури и Њу Делхи

од Radmila Tasevska

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денес го погоди Непал, а беше почувствуван и во Њу Делхи, главниот град на Индија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според извештајот на Американскиот геолошки институт, епицентарот бил на шест километри од Колти, Непал.

Извештаите покажуваат дека потресот траел повеќе од 30 секунди.

Засега нема повеќе детали.

Слични содржини