Симпсонови го „убија“ ликот кој 35 години редовно се појавуваше во серијата

од Nikola Popovski

„Симпсонови“ го „убија“ „Larry the Barfly“ во новата епизода емитувана минатиот викенд. Редовниот гостин на „Moe’s Tavern“ почина во барот во кој беше редовен гостин уште од првите епизоди на популарната серија во 1989 година.

Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваат на погребот на Лери во најновата епизода од откаченото семејство од Спрингфилд, каде што сфаќаат дека знаеле многу малку за него со оглед на бројот на години што се познаваат, пренесува „NME“.

Поради тоа, Хомер се прашува дали тие можеби се „страшни луѓе“.

Во својот говор на погребот, мајката на Лери ги спомнала редовните гости на омилениот бар во Спрингфилд.

„Мојот Лоренс секогаш зборуваше за неговите најдобри пријатели, момчињата од Moe’s Tavern“, по што таа ги охрабрува да дојдат и да кажат неколку зборови за него.

Хомер, Мо, Лени и Карл имаат задача да ја однесат пепелта на Лери на неговото „посебно место“ – Serenity Falls, откако неговата мајка им подарила групна фотографија од сите заедно.

Иако тој беше тивок лик кој не беше централен за главните точки на заплетот на серијата, Лери редовно се појавуваше во „Mo’es“ уште од првите епизоди во 1989 година, што ја направи неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, потсетуваат од „NME“.

Слични содржини