Симпсонови слават: 30 години континуирано смеење

На 17 декември 1989 година емитувана е првата епизода од првата сезона од култната анимирана серија Симпсонови.

Епизодата под името Simpsons Roasting on an Open Fire емитувана пред самиот крај на деценијата го означи почетокот на една нова ера. Ова америчко семејство ќе продолжи да ги смее гледачите ширум светот наредните 30 години.

За тоа време, Симпсонови го посетија секој континенти, запознаа бројни личности од светот на шоубизнисот и болитиката, беа на гости и угостија други цртани ликови и повеќе пати, се чини дека, ја предвидоа иднината.

Цртаната сатира и критика на американското општество инспирираше и бројни “цртани филмови за возрасни“ кои во годините кои доаѓаа ги поместија дозволените граници на хуморот на телевизија.

Моментално се прикажува 31 сезона. Последната, 17 епизода од оваа сезона ќе биде емитувана на први март 2020 година. За истата година закажана е и 32 сезона.

Слични содржини