Синдикатот ги повика вработените во Луфтханза на еднодневен штрајк

од Radmila Tasevska

Синдикатот Верди (verdi.de) ги повика вработените во националната авиокомпанија Луфтханза в среда да штрајкуваат на седум аеродроми во Германија.

Еднодневниот штрајк, како што е најавено денеска, ќе ги погоди аеродромите во Франкфурт и Минхен, двата главни центри на Луфтханза, како и Берлин, Дизелдорф, Хамбург, Келн-Бон и Штутгарт.

На почетокот на февруари, 27-часовниот штрајк на пет аеродроми ја принуди авиокомпанијата да откаже стотици летови.

Синдикатот бара зголемување на платите за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно.

Синдикатот преговара во име на околу 25.000 вработени.

Слични содржини