Синот на Балак почина во несреќа со квад на одмор

од Stefanija Kuzmanovska

Емилио Балак, синот на легендарниот фудбалер Мајкл, почина по несреќа со квад за време на семејниот одмор во Португалија. 18-годишникот почина во несреќа што се случи во раните утрински часови во четвртокот наутро. Пожарникари се обиделе да го спасат во близина на имотот Виљас до Мар.

Според португалскиот „ТВИ24“, трагедијата се случила во Троја, која се наоѓа на брегот на Сетубал, јужно од Лисабон, во близина на куќата на Балак, кој ја заврши кариерата во 2012 година, за време на која играше за Челсе, Баерн и Баер Леверкузен.

Пожарникарите кои на почетокот беа на местото на настанот не можеа да потврдат дека се работи за синот на легендарниот фудбалер.

Несреќата се случила кога квадот поминал преку него и му нанел сериозни повреди.

„Знам дека ова е телото на синот на познат фудбалер, но не знам кој е. Се се случи во семејниот дом. Тој не возел квад на отворен пат и тоа било единственото возило во несреќата. Квадот бил на нерамни делови на земјата, и се чини дека тргнал наназад кога поминал врз жртвата и ја здробил“, рече еден полицаец на лице место.

Тие се обиделе да го оживеат несреќниот млад човек на лице место, но тој не можел да биде спасен.

Слични содржини